На нашиот Интернет огласник oglasi.mk овозможено е секој на мошне едноставен начин да објави свој оглас, со минимален напор и просечно компјутерско познавање. Меѓутоа, не е дозволена никаква злоупотреба и затоа:
* Секој оглас за објавување треба да биде напишан исклучиво на македонски, српски, црногорски, хрватски, босански или англиски јазик.
* Не е дозволено објавување оглас коj содржи макар и еден непристоен збор, оглас коj навредува некого или предизвикува омраза од каков било вид, како и оглас со злоупотреба на туѓ телефонски броj или туѓа email адреса.
* Забрането е да се објавуваат порнографски слики, слики со непристојни содржини, како и слики на малолетници.
* Забрането е да се продава оружје, муниција, наркотици, како и да се нудат услуги од типот на надрилекарство и сл.
* Не е дозволено текстуално или сликовито да се наведува бројот на локацијата, туку само името на улицата, булеварот или местото на таа локација.
* Забрането е текстуално или сликовито јавно да се публикува email адреса, бидејќи контакт email адреса се внесува при објавувањето на огласот во соодветно поле за да биде функционално невидлива.
* Не е дозволено текстуално или сликовито да се наведува линк на одредена веб страница, бидејќи веб страници презентираме единствено во вид на платена реклама со банер.
* Не е дозволено, ниту во иста, ниту во различна категорија, објавување на друг оглас со иста содржина каква што има веќе постоечки оглас. Кога постоечкиот оглас ќе истече, тогаш може да се објави (најмногу еден до наредното истекување) идентичен на него.
* Oд безбедносни причини Вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба, по аргументирано барање на засегнатата страна, истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи.
* Сликите се објавуваат со заштитен знак на oglasi.mk за да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст.
* Интернет огласникот oglasi.mk е само една платформа, која спојува разни интереси на разни луѓе, на едно место. Со таквата своја улога Интернет огласникот oglasi.mk не превзема никаква одговорност во случај ако се појави објавување на оглас/и во спротивност според кој било основ. Напротив, одговорност ќе сноси секој оној кој ќе објави невистинит оглас, оглас со слики или видео снимка што содржат своевидна заштита, како и оглас кој претставува некаква злоупотреба.
Кршењето на правилата под наведените точки ќе доведе до неотповикливо бришење на огласот на прекршителот, без право на жалба, дури и кога неговиот оглас поради злоупотреба воопшто нема да биде објавен и уплатата за истиот автоматски станува неповратна ако се работи за платен оглас. Во случај да се забележи дека некој од корисниците го прави истиот прекршок ќе му биде блокиран пристапот на овој Интернет огласник (BAN на IP адресата). Ако, пак, постои прекршок поради кој засегнатата страна аргументирано ќе побара да се открие идентитетот на прекршителот, ќе биде применета софистицирана технологија за откривање на идентитетот.
Молиме секој од вас, при објавувањето оглас на нашиот Интернет огласник, да ги почитува овие правила и услови за да биде сè во ред.
Тимот на Oglasi.mk
|